Менаџментот на Мајкл Џексон изјави дека доделувањето на наградата „Еми“ за документарецот „Бегство од Недојдија“ (Leaving Neverland) е чиста фарса.
„Бегство од Недојдија“ за првпат беше емитуван во март, а се фокусира на сведоштвата на двајца мажи кои тврдат дека поп-ѕвездата ги злоупотребувала како деца.
„Филмот е тотална фикција и фактот дека беше награден со ‘Еми’ во категорија документарец е чиста фарса“, вели менаџментот.
Менаџментот додава дека не постои ни трошка доказ што може да ги поткрепи изјавите во филмот.
„Бегство од Недојдија“ беше номиниран во пет категории, а ја освои наградата за најдобар документарец.
Во контроверзниот документарец е во режија на Ден Рид, прикажани се интервјуата со Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак, кои имале 7 и 10 години кога Мајкл Џексон се спријателил со нив и нивните семејства.
Според Рид, номинациите за „Еми“ се важно признание за сите оние кои биле вклучени во филмот.
„Откако го прикажавме ‘Бегство од Недојдија’ забележавме дека луѓето почнаа да ја отоараат темата за сексуална злоупотреба врз децата. Ова беше причината поради која Џејмс Сејфчак и Вејд Робсон и нивните семејства се согласија да зборуваат на оваа тема и причината поради која го снимивме документарецот“, изјави Рид.