Камион со 80 мигранти излетал од пат кај Черкезе

На 16.09.2019 во 23.00 часот на автопатот Куманово–Табановце полициски службеници дале знак за запирање на товарно моторно возило „ДАФ“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка, но возилото не застанало.

Набргу потоа, според пријавеното, на ул.„Железничка“, пред с.Черкезе, кумановско, возилото излетало од патот.

При преглед на возилото биле пронајдени 81 лице – мигранти од Авганистан, Индија, Бангладеш и Пакистан. Мигрантите се привремено сместени во Транзитниот центар Табановце. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави