Деби за Елмас во ЛШ со победа на Наполи против Ливерпул

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со само 19 години дебитираше во Лигата на шампионите во мечот на кој Наполи со 2:0 го совлада европскиот шампион, Ливерпул.

Елмас ги одигра последните 15 минути од натпреварот при резултат 0:0.
Клучниот момент се случи на десет минути пред крајот кога судијата покажа пенал по фаул врз Каљехон, можеби престрого досуден, но тоа не му пречеше на Мертенс да постигне гол од белата точка за водство на Наполи од 1:0.
Во судиското продолжение грешка на Ван Дајк во одбраната на Ливерпул, Љоренте го искористи тоа и рутински ја смести топката во мрежата на Адриан за победа на Наполи од 2:0.
Треба да знаете
Последни објави