Израелските безбедносни сили убиле Палестинка, која се обидела да ги прободе на контролниот пункт во окупираниот Западен Брег, соопшти полицијата.
Видеото, чија автентичност не е потврдена, прикажува маж кој пука врз жена која паѓа и испушта нешто од раката, пренесува „Ројтерс“.
Портпаролот на израелската полиција објави на „Твитер“ дека жената се обидела да го нападне контролниот пункт и приложи фотографија на нож со кој се обидела да ги прободе војниците.
Палестинскиот министер за здравство потврди дека жената починала од повреди, но не кажа детали.