Ким Кардашијан морала да искешира дополнителна сума пари за предмети во домот што го делеше со сопругот Канје Вест, откако претходо го откупи целиот имот.
Таа се согласи да му плати 20 милиони долари во готово за нивниот дом во Хидн Хилс среде развод. Но, очигледно ова не било доволно хациендата и сè што има во неа да прејде во целосна сопственост на Ким.
Според „ТМЗ“, реалити-ѕвездата му доплатила на раперот дополнителни 3 милиони долари за некои предмети во нивната пространа вила.
Веб-страницата наведува дека импресивната уметничка колекција на двојката, која ја собирале со текот на годините, најверојатно влијаела на високата цена.