Бела Хадид оваа есен донесе многу заводлива кампања.
Во четвртокот беше откриено дека Мајкл Корс, кој неодамна лансираше ексклузивна капсула колекција инспирирана од Џејмс Бонд, ја избрал 25-годишната сестра на Џиџи Хадид за заштитно лице на новата колекција костими за капење „Мајкл Корс 007“.
Хадид глуми секси Бонд девојка додека рекламира едноделни и дводелни костими за капење од новата линија што се совпаѓа со објавувањето на филмот No Time To Die со Даниел Крег, Леа Сејду и Ана де Армас.
„Ја сакам независноста и повеќестраниот карактер на секоја различна Бонд девојка. Таа може да биде сè и сешто. Било каде или никаде. Класична, кул и независна“, рече Бела.
Со Хадид и Синди Бруна, видеото од кампањата ја доловува интригата и неодоливоста на Бонд-тематиката. Спотот е снимен во познатиот „Оушн клаб“ на Бахамите.