Побарувачката за автомобили во Европската Унија во септември е во пад, како одраз на недостигот на полупроводници што влијае на продажбата на сите главни пазари, посочува денешниот извештај на Европската асоцијација на производители.
Во септември, вкупно 718.598 нови автомобили биле регистрирани во 26 земји на ЕУ (без Малта) – најмалку во првиот месец од есента 1995 година и 23,1 отсто помалку отколку истиот месец минатата година. Во август намалувањето е за 19,1 отсто. Aсоцијацијата укажува на двоцифрен пад на сите поголеми пазари.
Во Западна Европа, побарувачката најмногу паднала во Италија – за една третина од септември лани. Во Германија таа е намалена за околу 25 отсто, а во Франција – една петтина. Најмал пад е забележан во Шпанија – 15,7 отсто.
Во Полска, најголемиот пазар за „нова Европа”, падот изнесува 13,3 насто.
Во периодот од јануари до септември, регистрирани се 7,5 милиони нови автомобили во ЕУ, 6,6 насто повеќе отколку во истиот период во 2020 година. Италија беше особено тешко погодена во првиот бран на пандемијата и беше првата што воведе строги ограничувања за да го спречи ширењето на вирусот. Во првите девет месеци годинава, земјата забележа најголем раст на побарувачката меѓу водечките пазари – за една петтина во споредба со истиот период лани.
Тој број во Шпанија изнесува 8,8 отсто, а во Франција – 8,0 отсто. Најголемиот европски пазар, Германија, бележи пад за 1,2 насто. Бројот регистрирани нови автомобили во Полска, пак, порасна за 17,7 отсто.