Во автомобил на стружанец пронајдена марихуана

Жител од струшкото село Радолишта бил приведен од полицијата откако во неговиот автомобил била пронајдена марихуана.

Како што информираат од МВР, во попладневните часови на 19. септември, на местото викано Радолишка Краста полицајци извршиле преглед на „голф“ кој го упрвувал стружанецот и пронашле марихуана.

По ова, возачот се обидел да избега, но паднал и се повредил, па бил приведен.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави