Адел го најави својот нов албум под наслов „30“, кој треба да излезе следниот месец.
33-годишната sвезда потврди дека четвртиот студиски албум -долгоочекуваното продолжение по „25“ од 2015 година – ќе биде објавен на 19 ноември.
Таа албумот го опиша како „вози или умри низ најтурбулентниот период од нејзиниот живот“.
Во долгата изјава што ја сподели на социјалните мрежи, Адел вели: „Не бев ни близу таму каде што сакав да бидам кога го започнав пред речиси три години. Всушност, сосема спротивно. Сепак бев свесна – доброволно фрлајќи се во лавиринт од апсолутна збрка и внатрешни превирања!“