Црвена звезда казнета да нема свои навивачи на гостувањето кај Тотенхем

Српскиот фудбалски шампион Црвена звезда кој втора година по ред избори учество во групната фаза од Лигата на шампионите, минувајќи ги сите квалифиакциски кола, заработи казна од УЕФА да неможе да води свои навивачи на гостувањето кај англискиот премиерлигаш Тотенхем во Лондон на 22 октомври. Причината за ваквата казна е искажувањето на расизам од страна на навивачите на „црвено-белите“ за време на мечот со финскиот Хелсинки од 2. квалифиакциско коло подигран на 31 јули.

Црвена звезда можеше да заработи и поригорозна казна откако ја пријави ФАРЕ за однесувањето на своите навивачи во Хелсинки.

Пред гостувањето во Лондон, Црвена звезда на 1 октомври ќе му биде домаќин на грчкиот Олимпијакос.

Треба да знаете
Последни објави