Викторија Бекам ја отфрли можноста повторно да настапи со женскиот поп бенд „Спајс грлс“.
47-годишната sвезда не им се придружи на Гери, Ема, Мел и Мелани кога се вратија заедно за серија настапи во 2019 година и инсистира на тоа дека не планира да се појави на сцена ако повторно имаат турнеја во иднина, бидејќи „со своите потфати во светот на модата и убавината таа на своите фанови веќе им го дава она што навистина го сакаат“.
Говорејќи за „Добро утро, Америка“, таа рече: „Фановите отсекогаш беа одлични и тоа беше прекрасно патување, но што се однесува до мене, сега се фокусирав на модата и убавината. Тоа е мојата страст.“
Модната дизајнерка истакна дека ужива со својот сопруг Дејвид и дека е многу среќна во бракот.
Запрашана за совет за успешна врска што би им го пренела на нивните четири деца, таа рече: „Многу се забавуваме. Се поддржуваме еден со друг во сè што правиме, но се работи за забава и уживање во друштво на таа личност. Јас навистина сакам да бидам со него.“