Се плашела да не заврши како Ејми Вајнхаус: Адел призна дека била зависна од алкохол, сакала да ја напушти музичката кариера!

Додека публиката со нетрпение го очекува нејзиниот нов албум, британската пејачка Адел, одлучи да открие досега непознати детали од нејзиниот живот.

Adel

Во интервју за престижниот магазин „Вог“, каде пејачката краси две корици овој месец – британскaта и американската, Адел за прв пат зборуваше за зависноста од алкохол со која се соочила. Како што истакнува, ова искушение се случило токму во моментот кога Ејми Вајнхаус починала, поради што се плашела да не ја снајде истата судбина.

“Станав славна токму кога Ејми почина. Ја гледавме како умира пред нашите очи… А и јас секогаш бев фасцинирана од алкохолот, имав блиска врска со него. Тоа е она што го држеше татко ми подалеку од мене и затоа сакав да знам што етолку сјајно во тоа…“, рече Адел, додавајќи дека размислувала да ја напушти музичката индустрија.

“Од друга страна, поради славата станав непријатна, толку многу што во еден момент дури и помислив да ја напуштам музичката индустрија целосно. На крајот, решив да се соберам и си поставив приоритети во мојата глава“, вели пејачката.

Пејачката се осврна и на разводот од Симон Конецки, и откри дека во 2019 година, одлучила да го напушти сопругот бидејќи не се чувствува добро во таа врска. Меѓутоа, нивната разделба, како што посочува таа, „и го скршила срцето“.

Adel

Треба да знаете
Последни објави