Ракометарите на Кил славеа против Веспрем во дербито на второто коло во групата Б во Лигата на шампионите. Бундеслигашот успеа како гостин да слави со 31:37 и му го нанесе првиот овосезонски пораз на Веспрем.
„Зебрите“ од Германија доминираа цел натпревар, не им дозволија на избраниците на Дејвис да влезат во ритам, а најзаслужен за тоа беше голманот Ландин. Данскиот чувар на мрежата беше брилијантен во првото полувреме, кога Веспрем си обезбеди предност од 13:16.
Одличен во овој дел од мечот беше и пивотот Пекелер постигнувајќи пет гола од исто толку обиди, во второто време се разигра и Рајнкинд, па предноста на германскиот состав уште повеќе се зголеми, се до конечните 31-37.
Рајнкинд со осум гола ја предводеше листата на стрелци кај победникот, а на спротивната страна Нилсон и Јахија постигнаа по пет погодоци. Нашиот Манасков немаше свој ден и не реализираше ниту еден од неговите четири удари кон голот на противникот.
Кил во следната рунда го пречекува Мешков Брест, Деки и Веспрем му гостуваат на Монпелје.