Рано утрово во 02.15 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, С.В.(60) од Кичево, управувајќи патничко возило „опел корса“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото, Ј.В.(54) и Б.А.(32), двајцата од Кичево, кои биле пренесени во Медицински центар Кичево за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кичево.