Руски воени бродови на Северната флота извеле вежби во северниот дел од Баренцовото море. На видеото кое го објави руското министерство за одбрана, се гледа разорувач Вајс-Адмирал Кулавков и два брода, Александар Отраковски и Кондопога, кои учествуваат во вежбите. Во вежбите е погодена замислена мина која плута, а испалени се десетина ракети.
Показната вежба е дел од шестдневната програма на Центарот 2019, кој започна во понеделникот во регионот Оренбург, а во кој учествуваат војска од Кина, Индија, Казахстан, Пакистан, Узбекистан и Таџикистан.
Од руското министерство за одбрана рекле дека во вежбите учествувале 128.000 војници, 20.000 воени возила и повеќе од 600 авиони.