Александар Жакоски од Скопје денеска ја запроси Матеја исто така од Скопје на пет метри длабочина во Охридското езеро кај плажата Сараиште.
На оваа подводна свршувачка ѝ претходел мал подводен ритуал. Прстенот бил сокриен во едно сандаче, оставен на езерското дно. Овие млади луѓе пред кои е животот со нуркање, дошле до местото каде што било сандачето. Тогаш Александар го извадил прстенот и ѝ ја побарал раката на младата Матеја.
Извор: Сакам да кажам.мк