Освојувачот на „Златната топка” за минатата сезона Карим Бензема одлучи да го продолжи договорот со Реал Мадрид до јуни 2024 година, јавија денеска повеќе шпански и француски медиуми.
Францускиот 35-годишен напаѓач има право да преговара со други клубови, бидејќи влезе во последните шест месеци од договорот со Реал, кој му истекува на крајот на оваа сезона.
Медиумите наведуваат дека Бензема добил понуда од саудискиот клуб Ал Наср, за која детали не се познати, но истакнал дека не сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.
Бензема е дел од Реал од 2009 година и за мадридскиот клуб досега одигра 621 натпревари на кои постигна 334 голови, додавајќи и 160 асистенции.