Евентуален брегзит без договор би имал катастрофални последици врз водечките вропски производители на автомобили. Тие предупредуваат дека во случај на брегзит без договор врз автомобилите и минибусите ќе се воведат царини и такси според правилата на СТО што ќе ги чинат производителите и потрошувачите околу 5,7 милијарди евра.
– Брегзоит не е само британски проблем, изјави Кристијан Пежо, претседател на француската организација на проиозводители на автомобили. Според него не само извозниците во Британија туку и производителите таму ќе бидат „неизбежно негативно погодени”.
– Само во Велика Британија цената на една минута запирање на производтсвото е 54.700 евра, нагласуваат производителите.
Британската автомобилска индустрија е речиси во целост во сосптевност на странски фирми и е зависна од фабрики во сопственост на германски, француски и јапонски производители.