Британските лабуристи денеска ќе одберат една од двете можни политики за Брегзит: ветување да се остане во Европската унија на втор референдум или да ја одложат одлуката по општите избори, велат извори во партијата.
Неочекуваната одлука да се постави овој избор пред членовите на партијата ги потенцира внатрешните поделби во партијата поради Брегзит.
Поголемиот дел од членството, вклучително и некои високи советници на партијата, ја поддржуваат кампањата за останување во ЕУ, додека други, вклучувајќи го и лидерот на партијата Џереми Корбин, сакаат да ја одложат таа одлука, свесни дека првата опција би можела да ги отуѓи поддржувачите за напуштање на Унијата во Лабуристичката партија.
Двете политики се резултат на административен процес што ги зема предвид ставовите на членовите на годишната конференција на партијата во Брајтон. Процесот се очекуваше да резултира во едно движење да биде доставено до партијата, но бидејќи немаше консензус пред членството ќе се најдат и двата предлога.
Исто така, можно е и двата предлога да добијат поддршка, што би ја зголемило неизвесноста за партиската позиција за Брегзит, што е збунувачко за многу гласачи.
Најновата анкета покажува дека повеќе од половина од гласачите на Лабуристите сметаат дека е време Корбин да замине од функцијата шеф на партијата.
Анкетата на ЈуГов покажа дека 54 отсто од анкетираните сакаат Корбин да се повлече, додека негово останување поддржуваат 29 проценти од гласачите на партијата.