Членката на поранешната британска поп-група „Спајс грлс”, Мел Би откри дека веќе пет седмици се бори со болеста Ковид-19.
„Замислувам во главата дека сум тука”, напиша „спајсицата” покрај слика од Малдивите. – „Ах, какво прекрасно место – Сонцето, кристалното сино море и целосно ‘расипаното’ однесување во вилата наречена по мене… Но, во реалноста сум завиткана во креветот и се обидувам да го надминам долготрајниов ‘ковид’,” признава таа.
На крајот, таа порача оти „коронавирусот не е шега”!