Смилевска: Ребалансот на буџетот обезбедува над 25 милијарди денари повеќе за социјална политика, здравство и образование во однос на 2016

Пратеничката од СДСМ и владечкото мнозинство, Кети Смилеска, денеска во Комисијата за финансирање и буџет ги истакна суштинските и реални придобивки за граѓанитe што ги обезбедува ребалансот на Буџетот за 2019 година, правејќи паралела помеѓу овој ребаланс и ребалансот на буџет во 2016 година, последната година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ребалансот на буџет за 2019 година има суштинска вредност и се одликува со низа придобивки за граѓаните. Разликата помеѓу овој ребаланс кој го предлага СДСМ и ребаланост од неславната 2016 година, последната година од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ е евидентна. За споредба, за трите столба на државата кои генерираат индиректен развој како социјална заштита, образование и здравство, обезбедени се над 25 милјарди денари повеќе во однос на 2016 година“ истакна Смилеска.

Таа се осврна и на лажните вести кои се појавија околу изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско.

„Информациите дека треба да се платат 100 милиони евра за пенали за раскинувњето на договорот за изградба на патот Прилеп-Градско не кореспондираат со реалноста. Ќе следува арбитража, а изградбата на патот ќе продолжи“ посочи Смилеска.

Треба да знаете
Последни објави