На 9 октомври премиера на 10-та Симфонија на Бетовен завршена од вештачка интелигенција

По повод 250 години од раѓањето на Бетовен, Дојче Телеком организирајќи тим од меѓународни експерти, ја доврши недовршената 10-та Симфонија на Бетовен со помош на вештачка интелигенција. Премиерата ќе се одржи на 9 октомври, во Телеком Форумот во Бон.

-Приказната за 10-та симфонија: Кратко пред смртта, Бетовен започнал да работи на 10-та Симфонија, но делото останало недовршено. Под водство на др. Матијас Родер, директор на Карајан институтот, група експерти за вештачка интелигенција и музиколози ја развија „Вештачката интелигенција Бетовен” која „го разбира” стилот на овој славен композитор, се наведува во соопштението на Телеком.

Оттаму додаваат дека вештачката интелигенција „работеше” не само со композициите и белешките на Бетовен за 10-та Симфонија, туку и со дела на други композитори и музичари кои докажано го инспирирале и влијаеле врз Бетовен за време на неговиот живот, како на пример Јохан Себастијан Бах.

-Заедно со експертите, алгоритамот го продолжи последното негово недовршено дело. Експериментот кој беше тема на дебата имаше за цел да одговори на прашањето – дали алгоритмите можат да бидат креативни и да ги заменат луѓето во уметноста, велат од Телеком.

Премиерата ќе биде емитувана и во живо. Како што посочуваат од Телеком, краткиот аудио клип кој може да се слушне овде им овозможува на слушателите да го добијат првиот впечаток за завршената композиција.

Треба да знаете
Последни објави