Двајца мажи, меѓу кои и фоторепортер, се застрелани и повредени од сенатор од Хаити, кој пукаше со пиштол денеска пред парламентот во земјата, во услови на хаотични сцени додека владата се обиде да го потврди назначувањето на нов премиер.
Чери Диеу-Налио, фотограф на Асошиејтед Прес е повреден во лицето, а друг маж, Леон Лебланк, телохранител и возач, исто така е повреден во инцидент во главниот град на земјата Порто Пренс.
Иако лекарите известуваа дека ги отстрануваат фрагментите од куршумот од лицето на Диеу-Налио, за повредите се вели дека не се опасни по живот.
Raloh Fethière du @PHTKhaiti ce matin insulte la foule et use de son arme á feu #Haiti pic.twitter.com/EOrE10yX3Q
— Nancy Roc (@TheNancyRoc) September 23, 2019
Пред да го напушти местото на настанот, Лебланк на новинарите им рекол дека видел како Жан Мари Ралф Фетиер, сенатор од северот на земјата извадил пиштол додека се обидел да го напушти парламентот низ толпата демонстранти.
Друг сенатор, пак, изјави дека Фетиере ја предупредил толпата дека ќе пука доколку не го остават на мир.
Фетиер подоцна ги оправдал своите постапки, без да потврди дека пукал.
-Ме нападнаа групи на насилни милитанти. Тие се обидоа да ме извадат од моето возило. И така се бранев. Самоодбраната е свето право, изјави сенаторот.