Иако беше најавено дека од овој месец во автобусите на јавниот градски превоз на патници се враќа хартиениот билет за едно возење, тој сè уште не е воведен. Оваа најава е уште од април годинава, но билетите ги нема. Беше дури и споменато дека пробното тестирање ќе се изврши во текот на летото, но ништо од тоа. Се работи за тендер вреден над 2 милиони евра, и граѓаните се уште немаат можност за ваков начин на возење во градскиот сообраќаен превоз.
Неспособноста на Шилегов го гуши развојот на Скопје.
Билетот за едно возење во ЈСП уште едно неисполнето ветување на Шилегов. И додека крадоначалникот Шилегов не ги исполнува своите ветувања тоа не му пречи да го продолжи трендот на нови партиски вработувања во ЈСП. Согласно програмата за вработување таму до крајот на годината се предвидуваат нови 170 партиски вработувања кои ќе бидат на грбот на граѓаните на Скопје платеми со народни пари.
2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал, неработа.