Аргентинскиот кошаркарски интернационалец Луис Скола изјави дека може да ја продолжи кариера во Европа. За услугите на центарот се заинтересирани шпанскиот Реал и италијанската Олимпија Милано.
Ветеранот има понуда и од неговата земја, од клубот Бока Јуниорс, пренесува „Еврохопс”.
За потсетување, Скола во моментов е член на Шангај шаркс. На Светското кошаркарско првенство во Кина, 39-годишниот центар освои сребрен медал. Аргентинската репрезентација во финалето загуби од Шпанија.