(Видео) Ураганот Џулија освојува медали и на 103 години

Американката Џулија Хокинс која има 103 години, активно трча и освојува златни меали, а поради брзината и спретноста го доби прекарот Ураган.

Оваа натпреварувачка во 2007 година постави светски рекорд со одличниот резултат на 100 метри. Хокинс смета дека во нејзините години секој ден е посебен, за секое ново утро е исклучително благодарна и поради тоа останува позитивна и во движење.

„Тајната на мојот долг живот се моите страсти. Страста е она што ме тера да продолжам понатаму. Такви работи едноставно ве тераат да живеете и да сакате да работите. Излезете од дома, раздвижете се, запознајте нови луѓе и правете нешто нови секој ден“ рекла Џулија.

Таа редовно оди на претстава, мјузикл и во црква. Се смета себе си за авантурист и сака да ги испорба сите спортови и активности на кои ќе наиде.

Џулија има четири ќерки, три внуки и три правнуки. Освен што се занимава со трчање, многу е успешна и во велосипедизам. Во неколку интервјуа, истакнала дека не поминал ден во кој не возела велосипед или трчала и дека од секогаш ужива во спортот.

Треба да знаете
Последни објави