Два милиони жители останаа без вода во главниот град на Зимбабве

Повеќе од два милиони жители на главниот град на Зимбабве, Хараре и околните места останаа без вода, бидејќи властите ја затворија главната пречистителна станица заради недостаток на хемикалии. Тој потег предизвика страв дека може да дојде до ширење на болеста, особено по неодамнешната епидемија на колера.

Според АП, пред да се затвори постројката, официјалните лица во Хараре се обиделе да соберат девизи потребни за увоз на хемиски средства за прочистување на водата.

Во меѓувреме, нивото на водата во загадените брани опаднало како резултат на сушата.

Официјалните лица предупредуваат на можното ширење на болеста бидејќи жителите се обидуваат да добијат вода од небезбедни извори.

Треба да знаете
Последни објави