Неколку членови на Советот на Федерацијата, вклучувајќи го и претседателот на Комитетот на Советот за меѓубнародни работи на Руската Федерација, Константин Косачов, кои треба да учествуваат во работата на годишната седница на Генералното собрание на ООН, не добија визи од САД. Соединетите Држави одбиле да им дадат визи на одделни членови на руската делегација во Обединетите нации, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Тој рече дека Вашингтон ги прекршува своите меѓународни обврски.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го оцени како недозволиво непочитувањето на САД кон членовите на Светската организација.
Американската страна ги наведе техничките тешкотии и ги критикуваше руските официјални претставници дека своите документи не ги доставиле на време, но Захарова го негираше тоа.
Седницата на Генералното собрание на ООН се одржува денес во Њујорк.