Раководството на кумановско „Водостопанство“ со државни пари купиле илјада кубни метри песок

СВР Куманово на 23.09.2019 поднесе кривична пријава  против Ф.Ф.(44) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против С.Ѓ.(63) поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ и против С.Л.(36) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, сите од Куманово.

Во временски период од 01.05.2016 до крајот на месец август 2016, Ф.Ф. поранешен ВД директор на АД ВОДОСТОПАНСТВО на Р.С.Македонија во државна сопственост Скопје, Подружница Кумановско – липковско поле, Куманово, С.Ѓ. поранешен раководител на одржување во АД ВОДОСТОПАНСТВО на Р.С.Македонија во државна сопственост Скопје, Подружница Кумановско – липковско поле, Куманово и С.Л. сегашен раководител на Сектор за финансии и администрација во АД ВОДОСТОПАНСТВО на Р.С.Македонија во државна сопственост Скопје, Подружница Кумановско-липковско поле, Куманово, со намера за себе да остварат поголема противправна имотна корист, а воедно да го оштетат АД ВОДОСТОПАНСТВО на Р.С.Македонија во државна сопственост Скопје, во наведениот временски период ја злоупотребиле службената положба и овластување, пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување.

Тие во наведениот период  од правното лице ДПТУ АНДРЕ ПРОМЕТ ДООЕЛ увоз-извоз со седиште во с.Доброшане, за сопствени потреби во 99 наврати набавиле 990 м³, разновиден градежен материјал (природен песок, сепариран песок, природен шљунак и мешовит песок), во вкупен износ од 941.347,оо денари. Притоа, од страна на правното лице ДПТУ АНДРЕ ПРОМЕТ ДООЕЛ увоз-извоз со седиште во с.Доброшане, биле изготвени и доставени до АД ВОДОСТОПАНСТВО на Р.С.Македонија,Скопје четири фактури, кои биле доставени и до Подружницата Кумановско – липковско поле, по што  биле одобрени и прифатени од првопријавениот, за што второпријавената во ист ден  изготвила 4 приемници со невистинита содржина, дека истиот градежен материјал наводно бил примен во магацинот на Подружницата Кумановско – липковско поле.

За да биде прикриено незаконското работење, третопријавениот изготвил 99 испратници со невистинита содржина, преку кои разновидниот набавен градежен материјал го распоредил на осум реони на одржување на водоводната мрежа и ставил лажни потписи во графата „примил“, дека наводно 9 вработени се задолжиле со разновидниот градежен материјал, а од АД ВОДОСТОПАНСТВО на Р.С.Македонија во државна сопственост Скопје, во периодот од 31.10.2016 до 30.12.2016 во три наврати му биле уплатени на правното лице ДПТУ АНДРЕ ПРОМЕТ ДООЕЛ увоз-извоз вкупно 941.348 денари, за ко ј износ е оштетено акционерското друштво.

 

Треба да знаете
Последни објави