Вујовиќ: Не заборавам, Загреб ми помогна кога ми беше тешко

Хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб  има старо-нов стратег. Веселин Вујовиќ денеска беше промовиран како наследник на словенечкиот тренер Бранко Тамше откако раковдството на „плинарите“ му врачи отказ по поразот од Алборг во Лигата на шампионите.

ППД Загреб и Веселин Вујовиќ потпиша договор за соработка во наредните три години.

-Не сум човек кој заборава. Кога ми беше тешко Загреб ми подаде рака и затоа сега без размислување ја прифатив понудата, иако планирав да одморам до крајот на годинава. Овој тим на Загреб има шанси да обезбеди настап во следната фаза од ЛШ. Во Загреб никој нема да доѓа како фаворит – порача Вујовиќ на својата промоција во веќе познатат средина.

Треба да знаете
Последни објави