Актерот Хоакин Феникс (44) го напуштил интервјуто кога новинарите го прашале дали смета дека неговиот нов филм „Џокер“ може да ги инспирира токму оние луѓе за кои станува збор во филмот, со потенцијално трагични резултати.
Феникс бил изненаден од прашањето и не знаел што да одговори.
„Зошто? Зошто би? Не не …“, мрморел актерот пред да замине.
Еден час подоцна, по преговорите со агентот, тој се вратил да го заврши интервјуто, оправдувајќи се себеси дека се испаничил бидејќи не го очекувал тоа прашање и не размислувал за таква ситуација.
Во филмот, Хоакин го игра Артур Флек, осаменик со неуспешна кариера на комичар кој живее со болна мајка.
Актерот доби фантастични критики за улогата, а филмот освои Златен лав на 76. фестивал во Венеција.
Хоакин мораше да помине низ драматична трансформација за да ја добие улогата. Тој изгуби дури 23 килограми пред снимањето, а неодамна откри дека го сторил тоа со надзор на лекар затоа што сакал целиот процес да биде потполно безбеден.