Македонскиот, регионалниот и европски ракометен првак Вардар вечерва (20:45 часот) во Скопје ќе го одработи мечот од 3. коло во СЕХА лигата со Нексе. Гостинот од Хрватска во Скопје пристигнува без Марио Томиќ и Иван Вида, а повредени се Халил Јагањац и Иван Сршен.
Сето ова му оди во прилог на Вардар, кој по дуелот во Лигата на шампионите со Порот го очекува забрзан ритам на натпревари на два фронта. Во осум дена Вардар ќе треба да одигра два натпреаври во СЕХА-лигата и еден во ЛШ.
Затоа шпанскиот стартег на клупата кај „црвено-црните“ Давид Писонеро најави дека токму на овој дуел со Нексе сака да одмори дел од носителите на играта.
-Ќе им дадам шанса на сите пивотмени, но и на играчите од другите позции кои ги имам на располагање. Кој колку ќе има можност да игра ќе зависи од текот на мечот и движењето на резултатот. Имаме тежок распоред и стите треба да играат -вели Писонеро.
Влезниците за денешниот натпревар ќе чинат по 50 денари.