Едно лице загина, а неколку се повредени во силниот земјотрес со јачина од 5,8 степени што го погоди денес Пакистан, соопштија владини претставници и локалната телевизија.
„Имаме извештаи за материјална штета, тоа е сè што го знам за сега“, изјави заменик-комесарот на округот Мирпур, Раџа Кајсар, за Гео ТВ, пренесе „Ројтерс“.
„Можам да потврдам дека една жена загина и неколку лица се повредени“, додаде тој.