Арачиновец со џип спречил полициска патрола да уапси осуденик баран за издржување затворска казна, вчера во Арачиново, информираше МВР. Од министерството информираат и за поднесени кривични пријави за напади врз полициски слуѓбеници во Гостивар.
-На 23.09.2019 во 18.45 часот во Полициска станица Гази Баба бил приведен Л.А.(20) од Арачиново, поради обид за спречување службено лице во вршење на службено дејствие. Според пријавеното, околу 15.45 часот на улицата Радован Ковачевиќ, полициски службеници се обиделе да го приведат М.А., кој се барал за издржување на казна затвор, но тој со патничко моторно возило „пежо 806“’ го напуштил местото на настанот. Во обид да го престигнат, полициските службеници биле спречени од Л.А., кој управувал патничко моторно возило „ауди К-7“, со скопски регистарски ознаки. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.
Според полицијата, кривична пријава добил и А.А.(61) од село Доброште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
-На 16.05.2019 околу 19.00 часот на пат од с.Доброште кон Тетово, полициски службеници при вршење на службени дејствија дале знак за запирање на патничко возило „УАЗ“, управувано од А.А., при што тој не застанал и со возилото во два наврата се упатил кон полициските службеници. Тие успеале да го избегнат ударот, а во знак на предупредување испукале куршум во воздух, по што А.А., според пријавеното, го напуштил местото на настанот, велат од полицијата.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.В.(23) од с.Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 12.09.2019 околу 01.00 часот на ул.„Борче Јованоски“ во Гостивар полициски службеници дале знак за запирање на мотоцикл, управуван од Б.В., но тој продолжил со движење, при што удрил во полициски службеник.