Повеќе од 400 продавници на Лидл во Холандија повеќе нема да продаваат цигари и тутун, соопшти денеска германскиот трговски синџир.
Лидл е прв трговски синџир кој ги повлекува од понудата тутунските производи, со цел да се „создадат генерации непушачи”.
– Се надеваме дека нивниот пример ќе го следат и другите супермаркети, изјави холандскиот министер за здравство Пол Блокхус.
Од 2024 година тутунските производи ќе се продаваат само на бензиските пумпи, специјализирани продавници, трафики и трговски обвјекти кои поседуваат посебна дозвола.
Додека од 2023 година исто така ќе биде забранета продажбата на цигари и тутун преку интернет.