Саудиска Арабија разгледува и воена операција против Иран

Саудиска Арабија верува дека Иран стои зад неодамнешните напади врз нафтените постројки „Сауди Арамко“ и ќе ја разгледа опцијата за воена опција како одговор, по завршувањето на истрагата,  изјави министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адел ал Џубеир на прес-конференција на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Како што пренесе „Ројтерс“, тој нагласи дека Саудиска Арабија сака да мобилизира меѓународна поддршка и да ги разгледа сите опции – дипломатски, економски и воени, а потоа да донесе одлука.

„Ние сакаме да избегнеме војна, но истовремено мора да испратиме сигнал до Иранците дека таквото однесување не може да продолжи“, рече Џубеир.

Тој додаде дека ОН помагаат во идентификувањето на нападите на 14 септември, кои предизвикаа нарушување на снабдувањето со нафта во светот, и дека истрагата се очекува да заврши во рок од неколку недели.

Треба да знаете
Последни објави