На 24.09.2019 во 18.30 часот на Граничниот премин „Табановце“, при контрола и проверка на патничко возило „нисан” со српски национални ознаки, управувано од А.Р.(54) од Република Србија, било констатирано дека серискиот број на возилото бил различен од бројот во сообраќајната дозвола. А.Р. бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.