Фетаи: Изјавата на Верушевски за „бомбите“ нема да влијае врз постапките што ги водеше СЈО

Обвинителката Фатиме Фетаи денеска пре почетокот на сидењето на „Насилства и шамари во Центар“, рече дека изјавата на разузнавачот Зоран Верушевски во предметот „Тврдина-Таргет“ за модификацијата и компромитирање на бомбите, нема никако да влијае врз постапките што ги водеше СЈО, а кои сега продолжуваат во редовното обвинителство.

-Прислушуваните материјали како доказ се признати и поткрепени со материјални и вербални докази. Изјавата на сведокот Верушевски нема да влијае на автентичноста на овие докази, ниту на постапките што се водат во врска со нив. Прочитав дека изјавил и оти бомбите биле модифицирани и компромитирани. Сакам да напоменам дека никогаш во судница обвинетите не ја кажале онаа фраза: ’Сечени, лепени, монтирани‘, што ја кажуваа во медиумите, рече Фетаи.

Верушевски во сведочењето за „Таргет-Тврдина” во понеделникот рече дека документацијата рече дека доживеала страотни модификации по неговото лишување од слобода во 2015 година.

Тој треба да го продожи својот исказ пред судот на следното рочиште закажано за 10 октомврии кога ќе биде вкрстено испрашуван од страна на одбраната.

Треба да знаете
Последни објави