„Нетфликс“ воведува мерки против споделување лозинки од профили

„Нетфликс“ ќе започне голема операција со цел да го сузбие споделувањето лозинки од профили, односно можноста неколку корисници да ја делат претплатата.

Компанијата воведува промени за кои се надева дека ќе го спречи сегашниот тренд  на споделување еден профил меѓу повеќе корисници, дознава „Волстрит журнал“.

Стриминг-гигантот долго време имаше лежерен пристап кон луѓето кои споделуваат лозинки и профили. Иако официјално е забрането со правилата, компанијата генерално дозволуваше да се користат профили во различни домаќинства и на различни локации.

Сепак, за првпат по 10 години, во последните месеци компанијата забележа пад на приходите и намалување на бројот на претплатници. Еден одговор на кризата се чини дека е обид да им се отежне на претплатниците да делат профили.

„Нетфликс“ тестира некои од новите ограничувања во Америка, а тие вклучуваат функција која ги проверува луѓето за кои се сомнева дека го делат профилот и им наплаќа дополнителни три долари.

Компанијата, исто така, му дава на сопственикот на примарниот профил код што корисниците мора да го внесат за да добијат пристап до тој профил. Овој код се менува секој месец, што им отежнува на луѓето други да го користат нивниот профил.

Треба да знаете
Последни објави