Сестрата на Стив Ирвин откри дека семејството се распаднало по неговата смрт

„Ловецот на крокодили“ Стив Ирвин трагично почина пред 13 години, оставајќи ги зад себе неговата сопруга и двете деца. Неговата постара сестра, Џој Мусцило, неодамна призна дека воопшто не комуницира со нејзината снаа и внуците, бидејќи тие се отуѓиле од семејството, пренесува „Дејли стар“.

Таа не сакаше да открива детали, но рече дека целата ситуација во семејството е многу трагична.

„Останувам настрана од сето ова, тоа се само тажни семејни работи“, кратко рече таа, додавајќи дека и нејзиниот  татко Боб, кој е и татко на Стив, исто така се отуѓил од семејството и станал „пустиник“.

Треба да знаете
Последни објави