Џонсон во ОН го спореди брегзитот со маките на Прометеј

Говорејќи пред Генералното собрание на ОН, британскиот премиер Борис Џонсон на шега го спореди брегзит со најстрашните маки кои, според грчката митологија, ги претрпел Прометеј.

Во говорот кој агенцијата „Ројтерс“ го оцени како помалку бизарен, Џонсон зборувал за терминатори од иднината со розови очи, застрашувачки пилиња без екстремитети и за фрижидер кој ќе свирка за повеќе сирење.

Според грчката митологија, Зевс го казнил Прометеј бидејќи го украл огнот од боговите и го дал на луѓето. Како казна за тоа, Зевс го приковал на Кавказ и пратил орел за да му го колва црниот дроб. Секој пат кога црниот дроб на Прометеј ќе заздравел, орелот повторно се враќал.

Џонсон се пошегува дека ако одредени членови на британскиот парламент би ги реализирале своите замисли за спроведување на брегзит, процесот би траел бесконечно, како маките на Прометеј, пренесе „Ројтерс“.

„Тоа треаело засекогаш, приближно како што би било искуството на Велика Британија со брегзит, доколку нашите пратеници го истераат своето“, кажа Џонсон.

Тоа беше единствениот пат кога британскиот премиер го спомна брегзит во говорот што го одржа, откако британскиот суд донесе одлука дека тој незаконски го суспендирал парламентот.

Во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН, Џонсон зборуваше и за штетата што може да ја предизвика технологијата доколку се злоупотреби и придобивките што може да му ги донесе на човештвото ако се користи правилно, а неговото обраќање агенцијата АП го нарече драматично и енергично.

Треба да знаете
Последни објави