Злато и сребро за карпошовите административци на синдикалните игри на ЈИЕ

На  дванаесеттите   спортско-рекреативни игри и средби на Синдикатите од Југоисточна Европа, кои се одиграа  од 19 – 22 септември во Кладово, Република Србија, ученисничката од Општина  Карпош Александра Велковска, го освои златниот медал  во пливање, категорија краул – жени.  Во едно динамично и докрај неизвесно натрепварување, Александра  заедно со Кристина Николовска од Град Скопје, стигнаа први до целта,  испливувајќи 36 метри,  за време од 23 секунди и се закитија со златниот медал.  Во натпреварувањето во пинг-понг Саша Романов, исто така од нашата локална самоуправа,  и  Ненад Бошев од Министерството за култура,   заедно,  во  тандем, го освоија  сребрениот медал.

 

Членовите на Синдикатот на  работниците од Управата, правосудните органи, и  здруженија на граѓани на Република Македонија  ги освоија следниве медали: кошарка  ( трето место), баскет-жени ( второ место),  пинг-понг ( мажи) – второ место, пливање ( жени) – прво место, и шах – трето место.

 

Натпреварувањата се одиграа во фер и спортска атмосфера, а  следните синдикални игри ќе бидат организирани  од Синдикатот на управата  на Република Српска, Босна и Херцеговина.

 

 

Треба да знаете
Последни објави