Најавата од претседателот на германскиот фудбалски првак Баерн Минхен, Ули Хенес дека нема да ги пуштат своите играчи да играат за репрезентацијата на „панцерите“ доколку голманот Мануел Ноер не биде меѓу стативите, се „пукање со празна пушка“. ФИФА е на страната на репрезентациите во ваквите случаи, тоа го знаат луѓето од Баерн. Според правилата на ФИФА клубовите за официјалните мечеви се должни да ги ослободат играчите или во спротивно ќе се соочат со казна.
-Тер Штеген го менува Ноер на голот? Доколку се случи такво нешто, нема да дозволиме на ниту еден наш фудбалер да игра за репрезентацијата, се закани Ули Хенес.