Реал без петмина првотимци ја чека Осасуна во Мадрид

Реал Мадрид за натпреварот од 6. коло во шпанската фудбалска Примера против Осасуна на „Сантијаго Бернабеу“ нема да има на располагање петмина првотимци, објави официјалниот Твитер на „кралскиот клуб”.

Зидан меѓу 19. играчи не ги вброи дефанзивците Ферлан Менди и Марсело, играчите од средниот ред Иско и Лука Модриќ, како и офанзивецот Герет Бејл.

Натпреварот Реал – Осасуна се игра вечерва од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу”.

Треба да знаете
Последни објави