Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македо-нија на денешниот настан, кој се одржа во Клуб на пратеници, во Скопје, го презентираше проектот „Соработка за дигитална демократија“, финансиран од страна на Владата на Кралството Шведска, а ја промовираше и Студијата за избор на државната картографска проекција, чиј автор е професор Златко Србиноски, декан на градежниот факултет во Скопје. Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија и Лантматериет (Шведскиот катастар) во 2018 година добија финансиска поддршка од Шведската меѓународна развојна агенција (Swedish International Development Agency – SIDA) за имплементација на проектот „Соработка за дигитална демократија“. Проектот е организиран во пет компоненти (опишани на крајот од овој текст) и ќе се имплементира во периодот 2019 – 2023 година, а вкупниот износ на донацијата е 23 710 406 шведски круни (околу 2.5 милиони евра). На настанот присуствуваше Министерот за транспорт и врски, г. Горан Сугарески, кој во оваа прилика потенцираше:
„Дигиталната ера нуди нови можности да ги зајакнеме главните принци-пи по кои се водиме како Влада, а тоа се транспарентност, ефективност и респонзивност на сите државни институции. Наша должност е да создадеме соодветна легислатива и услови за имплементација на новите технологии и дигитални алатки, во насока на модернизација и унапредување на услугите кои ги нудат јавните инстутиции, олеснување на пристапот до информации од интерес за граѓаните и деловните субјекти, како и брзина и ефикасност во спроведување на процесите.
Во време кога Министерството за транспорт и врски ја прави најголемата реформа во делот на Просторното планирање, верувам дека овие дигитални алатки ќе бидат од огромна корист при спроведувањето на овие промени и обезбедувањето на корисниците со потребните информации.
Затоа, како Влада посебно се фокусираме на зголемување на капацитетот на Катастарот со цел да постигнеме поквалитетно ниво на услуги.
Уверуваме дека и понатаму ќе работиме на унапредување и модерниза-ција на државните институции преку имплементацијата на новите технологии, стандарди и процеси.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, г. Борис Тунџев, потенцираше дека:
Со помош на пријателите од Шведска работиме на тоа да ги подобриме сервисите и работни перформанси на Агенцијата за катастар на недвижности.
Геодезијата, а со самото тоа и Катастарот на недвижности се жива мате-рија, процес на секојдневно учење и подобрување на знаењата и перформансите во работењето. Ако една генерација започна да работи со основни теодолити, сега веќе сме блиски со сателитите и многу други современи напредни технологии. Токму за подобрувањето на нашите стручни перформанси и одржу-вањето на потребното ниво на знаење, Агенцијата за катастар на недвижности континуирано вложува во едукацијата и во справувањето со новите, напредни техники и технологии. Токму водени од оваа мисла, во 2018 година, заеднички со Лантматериет (Шведскиот катастар) Аплициравме и ја добивме финансиската поддршка од Шведската меѓународна развојна агенција – SIDA, за имплемента-ција на овој проект, кој амбициозно го нарековме „Соработка за дигитална демократија“.
Она што е битно за нашата држава е дека преку овој проект Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија ќе добие континуи-рана едукација, подобрување на техниката и перформансите и тоа во пет компо-ненти, преку чие усовршување ќе бидеме уште подобри како организација.
Во вториот дел беше презентирано делото на професор Злаљтко Срби-носки „Студија за избор на нова државна картографска проекција на Република Северна Македонија“, која ќе го даде одговорот на прашањето која државна картографска проекција е најсоодветна за територијата на Република Северна Македонија и таа треба да придонесе кон конечниот избор на новата државна картографска проекција кај нас.
Бенефити од проектот, по одредени компоненти се:
- Воспоставување единствен, точен и одржлив систем на Адресен регистар. Тој ќе обезбеди услуги, алатки и податоци достапни за општи-ните, владините организации (Министерството за внатрешни работи, Државниот завод за статистика, Централниот регистар и Центарот за управување со кризи), како и јавниот и приватниот сектор. Ова ќе влијае врз зајакнувањето на довербата на граѓаните во владините институции, особено кога се во прашање чувствителни теми како што се гласачките права, правото на имот, пристапот до јавните услуги и правото на еднаква можност.
- Воспоставување, развој и одржување на модерна геодетска инфра-структура. Воспоставената модерна геодетска инфраструктура претста-вува основа за размена на геопросторни податоци во регионот, со земјите на Европската Унија. Ќе ја стимулира употребата на модерни технологии зголемувајќи ја ефикасноста при геодетските мерења, заштитата на животната средина, управувањето со кризи, научните истражу-вања итн., со што ќе се генерираат точни геопросторни податоци со највисок ква-литет во Република Северна Македонија;
- Одржлива организација на ИКТ-секторот во АКН. Овој сектор под-држува широк опсег на корисници (владини организации, нотари, приватни геодетски компании, банки, општини, граѓани итн.). Проектот има цел да ја поддржи АКН во процесот на осигурување на достапноста на услугите кои се од суштинска важност за македонското општество. Целта е да се имплементираат нови технологии, стандарди и процеси поврзани со понатамошен развој на ИКТ-секторот.
- Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП) ќе има ажурирани, точни и добро одржувани просторни податоци, преку нацио-налниот НИПП-геопортал.
- Скенирани и дигитализирани архивски документи достапни преку интернет. Сите документи од трајна вредност, од централните и од локалните архиви на АКН, ќе бидат скенирани, дигитализирани и ќе бидат на располагање преку АКН, а ќе се овозможи забрзан и дигита-лизиран процес за решавање на предметите Агенцијата, но и кај професионалните корисници.