Адвокатот на Бритни Спирс тврди дека татко ѝ е алкохоличар и коцкар

Адвокатот на Бритни Спирс, Метју Розенгарт, го нарече нејзиниот татко Џејми Спирс пријавен зависник од алкохол и коцкање во новите правни документи среде судска битка за тоа кој ќе го преземе старателството над пејачката.

Џејми (68) поднесе правни документи обидувајќи се да го оспори лицето кое Розенгарт го избра да го замени за да го надгледува имотот на Бритни, Џон Зејбл, кој, наводно, има беспрекорна биографија на доверливи позиции.

И покрај тоа што Зејбл е опишан како високо ценет, признат и наградуван, таткото на Бритни се обидува да го оспори неговото назначување.

Меѓутоа, Розенгарт возврати на загриженоста на Џејми, велејќи дека тој има нулта финансиска позадина или искуство во финансиски работи, и дека претходно поднел барање за стечај, и, исто така, наведува дека во моментов против него има судска мерка забрана за приближување поради семејно насилство.

Треба да знаете
Последни објави