Никитин и претходно бил осудуван за сексуални злоставувања. Откако во 2007 бил пуштен од затвор, запознал 9- годишно момче од Украина. Го киднапирал , го чувал скриен во својот стан и сексуално го искористувал цели десет години. Детето било толку трауматизирано што заборавил како изгледаат неговите родители.
Според судските записи, во 2007 година, Никитин го намамил 9-годишното момче од куќата на соседот во неговиот стан и го злоупотребувал една деценија. Полицијата неколку пати организирала потера по момчето и го пронашла во 2017 година со идентификување на сомнителна двојка на улица. Поточно, тогаш било откриено дека тинејџерот немал документи и дека неговото име се наоѓа во базата на податоци за исчезнати лица.
Момчето пораснало со педофилот и неговата мајка. Дури откако детето живеело со нив неколку години, киднаперот му дозволил да излезе сам навечер, и тогаш момчето не се обидувало да избега.