Интер продолжува со максимален ефект, кикс на Наполи

Во италијанската Серија А синоќа на распоредот беа седум натпревари од 5.коло по кое Интер го зачува максималниот ефект. Неочекувано Наполи загуби на домашен терен од Каљари, а Аталанта со три бода се враќа од гостувањето кај Рома.

Играчите на Каљари го направија најголемото изненадување славејќи на гостувањето кај вицешампионот Наполи (0:1). За целосен шок на „Сан Паоло“ се погрижи Лукас Кастро во 88 минута, а изненадува фактот што домашниот тренер Карло Анчелоти не му даде шанса на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој пред два дена го прослави 20 роденден. На клупата за резерви остана и Горан Пандев во ремито на неговата Џенова дома против Болоња (0:0).

Резултати:
Рома – Аталанта 0:2
Фиорентина – Сампдорија 2:1
Џенова – Болоња 0:0
Интер – Лацио 1:0
Наполи – Каљари 0:1
Парма – Сасуоло 1:0
СПАЛ – Лече 1:3.

Табела: Интер 15 бода, Јувентус 13, Аталанта 10, Наполи 9, Каљари 9,….

Треба да знаете
Последни објави