Кина ги осуди новите санкции на САД

Кина денес ги осуди новите санкции наметнати од страна на САД врз кинеските фирми и поединци кои ги обвинува дека увезуваат нафта од Иран, што претставува повреда на санкциите наметнати од Вашингтон врз Техеран.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг, на прес-конференција рече дека соработката на Кина со Иран е легитимна и легална, пренесува Ројтерс.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој ја објави одлуката синоќа во Њујорк, каде што присуствуваше на седницата на Генералното собрание на ООН, рече дека Соединетите Држави ги предупредувале Кина и другите земји дека ќе санкционираат какво било прекршување на санкциите против Иран.

 

Треба да знаете
Последни објави