Педофилот Епстајн имал „југословенска робинка“ која ја купил од нејзинoто семејство

Џефри Епстајн е познат како милијардерот педофил кој се самоуби во својата затворска ќелија во Њујорк, во август годинава. Пред да биде уапсен во Њујорк, во 2008 година, Епстајн беше во притвор во Палм бич, Флорида, исто така поради обвинение за сексуална злоупотреба на малолетници. Американските медиуми објавија дека додека тој бил во притвор во затворот го посетувала тогашната малолетничка Надија Марцинкова, чие име во затворскиот регистар е запишано како Надија Маркоркон. Надија е една од жртвите на сексуалниот предатор Епстајн која ја силувал и малтретирал кога имала 16 односно 17 години.

Медиумите објавија дека Надија дошла во Америка на 15-годишна возраст, а приказната за нејзината судбина ја раскажала уште една жртва на милијардерот, кој тврди дека Епстајн ги малтретирал и силувал и многу често морале да имаат сексуални односи додека тој ги гледал. Иако е родена во поранешна Чехословачка, Епстајн ја нарекувал Надја „југословенска робинка“, пренесе хрватски „Индекс“. „Епстајн ја купи тоа од нејзиното семејство во Југославија. Тој се пофали дека ја донел во САД за да биде негова југословенска сексуална робинка“, напишал детективот Џозеф Рикери во својот извештај, откако разговарал со жртвата.

Треба да знаете
Последни објави